Уредба на ЕУ за податоците
Известување за Уредбата на ЕУ за податоците – Nestlé Professional Europe
Nestlé Professional Europe е посветен на обезбедување транспарентност и праведност во врска со податоците што ги генерираат неговите поврзани професионални апарати за кафе (во натамошниот текст „Професионални апарати за кафе“), во согласност со Регулативата (ЕУ) 2023/2854 („Уредбата на ЕУ за податоците“).
За потребите на Уредбата на ЕУ за податоците, локалното друштво на компанијата Nestlé (Nestlé Adriatik д.o.o.e.л. Македонија), кое му ја испорачува опремата на купувачот, дејствува во својство на држател на податоците.
Ова Известување е наменето за купувачи и корисници во професионален или комерцијален контекст кои користат поврзана опрема Nestlé Professional и поврзани услуги во рамките на Европската Унија.
Ова Известување објаснува:
- кои податоци можат да бидат генерирани од поврзаните производи на Nestlé Professional;
- како може да се пристапи до тие податоци директно или тие да се споделуваат по барање; и
- правата и обврските што се применуваат согласно Уредбата на ЕУ за податоците.
Ова Известување се однесува исклучиво на неперсонални технички податоци и податоци за користење во рамките на Уредбата на ЕУ за податоците.
Нашите Професионални апарати за кафе не собираатлични податоци, освен корпоративниотидентитет на купувачот и локациите на апаратите, во согласностсо условите и целите на постојните комерцијални договори.
Информациите за начинотна кој ги обработуваме личните податоциво нашето работење (каде што еприменливо) се даваатодделно во соодветните Известувања за приватност, кои се применуваатнезависно од ова Известување.
Ова е општоизвестување за Европаод страна на Nestlé Professional дивизија.
1. Поврзани апарати за кафе Nestlé Professional
Професионалните апарати за кафе Nestlé Professional со функции за поврзување и телеметрија („Поврзани производи“) можат да генерираат податоци кои се однесуваат на нивното работење, користење и технички перформанси („Податоци генерирани од производот“).
2. Кои видови на податоци можат да бидат генерирани
Сите поврзани Професионални апарати за кафе во сопственост на Nestlé Professional, без оглед на моделот, собираат основни податоци за користење, работење и технички карактеристики, и тоа како што следува:
| Самоуслужни уреди (не управува купувачот) | Уреди (управува купувачот) |
| ПОДАТОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И РАБОТЕЊЕ | |
|
|
| ПОДАТОЦИ ЗА ТЕХНИЧКИОТ СТАТУС И ПЕРФОРМАНСИТЕ | |
|
* Самоуслужните уреди често се поврзани со терминалот за плаќање кој, не складира податоци за потрошувачите на Професионалните апарати за кафе и не споделува податоци со Nestlé Professional, освен цената на напитокот и информацијата за успешно извршено плаќање за оперативни цели, и тоа во анонимизирана форма. Овие начини на плаќање вообичаено ги договара купувачот и тие се надвор од одговорноста на Nestlé.
3. Каде и како се чуваат податоците
Овие податоци можат да бидат достапни директно на екранотна Професионалниот апаратза кафе или преку системите на Nestlé Professional или овластените сервисни платформи.
Податоците првично се чуваат локално на Професионалниот апарат за кафе и, кога е овозможена конекција, безбедно се пренесуваат во системитена Nestlé Professional или на овластенитесервисни платформи.
Податоците можат да се генерираат континуирано или при однапреддефинирани настани или користења, во зависностод техничкиот дизајн на апаратот.
4. Вашите права согласно Уредбата на ЕУ за податоците
Во согласност со Уредбата на ЕУ за податоците, овластените корисници на Поврзаните производи имаат право:
- да пристапат до податоците генериранисо користењето на Поврзаниот производ, и
- да побараат тие податоци дабидат достапни, по барање на корисникот:
- директно на корисникот, и/или
- на трето лице определено од корисникот.
Како општо правило, купувачите можат да пристапат до податоците директно на Професионалните апарати за кафе. Меѓутоа, доколку купувачот или корисникот има потешкотии при пристапот или има дополнителни прашања, може да поднесе барање за пристап до податоците, а таквите барања ќе бидат обработени во согласност со условите, техничката изводливост и заштитните мерки предвидени со Уредбата на ЕУ за податоците. За таацел, купувачот може да го контактирасвојот локален претставник или корисничкатаслужба на info@mk.nestle.com. Барањата ќе се обработуваат во разумен рок, земајќи ги предвид нивната комплексност и применливите барања согласно Уредбата на ЕУ за податоците.
5. Споделување на податоци со трети лица
Кога корисникот валидно ќе побара податоците да бидат споделени со трето лице:
- податоците ќе бидат достапни исклучиво за целите наведениод корисникот;
- ќе бидат применетисоодветни технички и организацискимерки за заштита на доверливоста, деловните тајни и безбедноста; и
- третите лица кои ги примаат податоцитеподлежат на обврските согласноУредбата на ЕУ за податоците, вклучувајќи ограничувања вонивното користење и понатамошно споделување.
Како што еобјаснето погоре, Nestlé Professional Europe не собираниту пренесува лични податоци во рамките на оваИзвестување.
6. Oграничувања и заштитни мерки
Остварувањето на праватасогласно Уредбата на ЕУ за податоците може да бидеусловено со:
- проверка на овластувањетона подносителот набарањето;
- техничка изводливост;
- заштита на деловните тајни и чувствителните комерцијални информации; и
- усогласеност со други применливи закони на ЕУ или националното законодавство.
Во случаи кога податоците не можат во целост да бидат споделени, Nestlé Professional Europe ќе ги објасни релевантните ограничувања во согласност со Уредбата на ЕУ за податоците.
8. Oднос со договорите
Ништо во оваИзвестување не влијаена:
- постојните комерцијални договорипомеѓу Nestlé Professional Europe инеговите купувачи, или
- договорните одредби со кои се уредуваат цените, услугите, одговорноста или интелектуалната сопственост,
освен во обемотво кој тоа го бараУредбата на ЕУ за податоците.
9. Контакт
За прашања или барања кои конкретно се однесуваат на пристапот или споделувањето на податоци согласно Уредбата на ЕУ за податоците, ве молиме контактирајте:
Nestlé Professional
info@mk.nestle.com